Транспорт

Боми 10 Логистик своите почетоци ги бележи токму во оваа дејност-транспортот. Започнува во далечната 1987 година со еден транспортен камион за да во континуитет значително го зголемува овој број.

Боми 10 Логистик своите почетоци ги бележи токму во оваа дејност- Транспортот.

Зголемувањето на бројот на возила доведе до имплементирање на повеќе стандарди, што придонесе до олеснување на услугата кон клиентите. Големиот број на вработени со своето долгогодишно искуство нудат високо ниво на логистички услуги.

Специјализирани сме за транспорт на текстил, но исто така вршиме превоз и на секаков тип на карго, палетизирана и непалетизирана, опасни материи-АДР, збирен транспорт и комплетни утовари. Боми10 Логистик е водечка компанија во Македонија кога станува збор за транспортот на текстилна конфекција.Располагаме со повеќе од 30 приклучни возила за овој вид на транспорт кои се специјално опремени за превоз на висечка конфекција.

Од 2006 година Боми 10 Логистик е партнер за Македониjа со Barth+Co Spedition , една од водечките германски шпедиции во областа на транспортот на текстил. Специфичноста на превозот на текстил се состои во тоа што стоката е поврзана со актуелните модни трендови и побарува многу прецизна временска достава.

Релации кои ги работиме:

Показатели и бројки:

Нашите транспортни услуги :

Комбинацијата на тим од експерти со долгогодишно искуство и флексибилните решенија кои нудиме, обезбедуваат сигурен раст на Вашиот бизнис.

 

Комплетен Транспорт

Обезбедуваме безбеден, брз и ефикасен трансорт од точка до точка. На располагање Ви ги ставаме сеопфатното и долгогодишно пазарно познавање на нашите логистички професионалци како и модерна опрема прилагодена на Вашите потреби.

Нашите интегрирани услуги и технолошки способности Ви помагаат да бидете попродуктивни и поефикасни со целосни решенија за снабдување кои се прилагодени на вашите барања и очекувања, како и на оние на вашите клиенти. 

За да се осигураме дека сите компоненти се на вистинското место, во вистинско време, обезбедуваме стабилни и одржливи логистички решенија за автомобилската индустрија.

 

DSC_6002

Нашата услуга е ефикасна и ефективна, прецизна и достапна секаде и во секое време. Нашиот возен парк е прилагоден да одговори на вашите потреби и барања во секакви ситуации.

 

Побарајте Понуда

Нашата цел е да го поддржиме растот на компаниите кои не избираат за свои соработници. Континуирано вложуваме напори да одговориме на потребите на нашите клиенти и се фокусираме да одговориме на сите барања за подобрување.