Комплетен Транспорт

Обезбедуваме безбеден, брз и ефикасен трансорт од точка до точка. На располагање Ви ги ставаме сеопфатното и долгогодишно пазарно познавање на нашите логистички професионалци како и модерна опрема прилагодена на Вашите потреби.

На располагање имаме повеќе од 60 товарни возила euro6 лоцирани во Европа, Балканот и Северна Македонија. Нудиме комплетно ЦМР осигурување, 24 часовно следење на возилата со GPS уреди, како и брзо, ефикасно и транспарентно работање.

Нашата цел е да го поддржиме растот на компаниите кои не избираат за свои соработници. Континуирано вложуваме напори да одговориме на потребите на нашите клиенти и се фокусираме да одговориме на сите барања за подобрување.

Овој пристап ни овозможи да ги постигнеме своите најважни резултати во последните неколку години, но уште поважно им овозможи на нашите клиенти да растат и да се развиваат, а и ние заедно со нив.