Текстил

Нашите интегрирани услуги и технолошки способности Ви помагаат да бидете попродуктивни и поефикасни со целосни решенија за снабдување кои се прилагодени на вашите барања и очекувања, како и на оние на вашите клиенти. 

БОМИ 10 ЛОГИСТИК е водечка компанија во Северна Македонија кога станува збор за транспортот на текстилна конфекција.Располагаме со повеќе од 30 приклучни возила за овој вид на транспорт кои се специјално опремени за превоз на висечка конфекција.

Од 2006 година БОМИ 10 ЛОГИСТИК е партнер за Македониjа со Barth+Co Spedition, една од водечките германски шпедиции во областа на транспортот на текстил.

Специфичноста на превозот на текстил се состои во тоа што стоката е поврзана со актуелните модни трендови и побарува многу прецизна временска достава.

Токму затоа, услугите на БОМИ 10 ЛОГИСТИК се решение на сите Ваши предизвици.