Локална достава

Основна дејност на Боми 10 Логистик e транспортот. Нашата компанија располага со современи товарни возила за секаков вид на стока (палетизирана, непалетизирана ), можност за транспорт на неоцаринета стока (возила под пломба) и оцаринета стока, збирен и поединечен транспорт до секоја дестинација во Р.Македонија.

Располагаме со соло возила со лифт платформа и соло возила без лифт платформа и комбиња, како и помали возила за достава на мали пратки, со професионални возачи со повеќе годишно искуство во локалниот транспорт. Можна е и употреба на нашите палетари-виљушкари при достава на вашата стока доколку е потребно.

Нашата услуга е ефикасна и ефективна, прецизна и достапна секаде и во секое време. Нашиот возен парк е прилагоден да одговори на вашите потреби и барања во секакви ситуации.