Транспорт

Боми 10 Логистик своите почетоци ги бележи токму во оваа дејност-транспортот. Започнува во далечната 1987 година со два транспортни камиони за да во континуитет значително го зголемува овој број. Зголемувањето на бројот на возила доведе до имплементирање на повеќе стандарди, што придонесе до олеснување на услугата кон клиентите. Големиот број на вработени со своето долгогодишно искуство нудат високо ниво на логистички услуги. Специјализирани сме за транспорт на текстил, но исто така вршиме превоз и на секаков тип на карго, палетизирана и непалетизирана, опасни материи-АДР, збирен транспорт и комплетни утовари. Боми10 Логистик е водечка компанија во Македонија кога станува збор за транспортот на текстилна конфекција.Располагаме со повеќе од 30 приклучни возила за овој вид на транспорт кои се специјално опремени за превоз на висечка конфекција. Од 2006 година Боми 10 Логистик е партнер за Македониjа со Barth+Co Spedition , една од водечките германски шпедиции во областа на транспортот на текстил. Специфичноста на превозот на текстил се состои во тоа што стоката е поврзана со актуелните модни трендови и побарува многу прецизна временска достава.


Релации кои ги работиме:
  • од/кон Европа, како и Англија, Србија, Бугарија, Грција, Албанија, Косово и Турција

Показатели и бројки:
  • 50 товарни возила +10 возила за локална дистрибуција
  • комплетно ЦМР осигурување
  • долгогодишно искуство
  • брзо, ефикасно и транспортно работење
  • професионална комуникација со клиентите
  • 24 часовно следење на возилата со GPS уреди
  • интегрирана услуга